Во фабриката за автомобилски делови на германскиот инвеститор "Кромберг и Шуберт" во битолската индустриска зона Жабени, се произведуваат делови за Мини и БМВ. Премиерот Никола Груевски, кој во саботата беше во обиколка на Жабени и на фабриката, го нагласи големото значење на инвестицијата за целиот Пелагониски регион, зашто со неа се отвораат голем број работи места. Груевски во изјава за медиумите рече дека раководството на фабриката му пренело дека е задоволно од условите за бизнис во Македонија, а дека квалитетот на работната сила е над неговите очекувања. Во моментов работат за БМВ и за Мини, а очекуваат да остварат соработка со Ауди и со други меѓународни брендови во автомобилската индустрија. Веќе се извезува во Темишвар, Романија, а има договорен извоз и за Словачка и за други држави.
Во фабриката за автомобилски делови на германскиот инвеститор "Кромберг и Шуберт" во битолската индустриска зона Жабени, се произведуваат делови за Мини и БМВ.
Премиерот Никола Груевски, кој во саботата беше во обиколка на Жабени и на фабриката, го нагласи големото значење на инвестицијата за целиот Пелагониски регион, зашто со неа се отвораат голем број работи места.
Груевски во изјава за медиумите рече дека раководството на фабриката му пренело дека е задоволно од условите за бизнис во Македонија, а дека квалитетот на работната сила е над неговите очекувања. Во моментов работат за БМВ и за Мини, а очекуваат да остварат соработка со Ауди и со други меѓународни брендови во автомобилската индустрија. Веќе се извезува во Темишвар, Романија, а има договорен извоз и за Словачка и за други држави.
- Работата тргна и мене ми е мило што тоа е така. Имав можност првпат да ја видам зградата во која веќе се произведува и каде се вработени над 300 луѓе, а се планира до крајот на годината да се вработат над илјада. Во согласност со нивниот план во наредните две до две и пол години бројот треба да достигне до 2.500 директни вработувања. Секогаш кога има директни има и голем број индиректни вработувања - рече Груевски, кој очекува дека задоволството на германскиот инвеститор ќе биде добра препорака за други компании кои во иднина ќе доаѓаат со намера да вложат во Македонија.
Градоначалникот на Битола и кандидат за втор мандат, Владимир Талески, рече дека индустриската зона Жабени е резултат на континуитетот во соработката со Владата на РМ. Најави дека следната недела ќе има нови 40 вработувања во фабриката Кромберг и Шуберт", со што вкупниот број засега ќе достигне 400 нововработени. Очекува наскоро да почне изградба на уште две фабрики во зоната Жабени, а пет други одобренија за градба се во постапка.
- Жабени беше голема идеја, една проекција која звучеше нереално во прв момент и бевме необјективно напаѓани. Континуитетот на соработката меѓу локалната самоуправа и Владата овозможи еден ваков бренд, ваков гигант каков што е Кромберг и Шуберт", да види бел ден овде, во срцето на Пелагонија - рече Талески.